Со укинувањето на царините ЕУ и Јапонија го создадоа најголемиот слободен пазар во светот

Европската унија ќе укине 99% царините на увозот од Јапонија, а таа за возврат ќе укине 94% од царините на увозот од Европската Унија со договорот ќе бидат опфатени околу 635 милиони луѓе.

Според договорот, Јапонија ќе ги укине царините на 94% од увозот од ЕУ, вклучувајќи и 82% од земјоделските и рибарските производи.

На пример, се укинуваат јапонските царини на сирењата гауда и чедар, кои изнесуваат скоро 30%, како и за виното кое во просек се царини со 15%.

Европската унија од своја страна ќе ги укине царините на 99% од увозот од Јапонија, а ќе може и да извезува повеќе месо во Јапонија. Ни свежото ниту преработеното месо нема да подлежат на царинарење.

Во текот на првите осум години од почнувањето на договорот ќе бидат укинати царините на јапонските автомобили, а во првите шест години и на телевизорите, што е посебно важно за Јапонија.

Предвидено е и отворање на пазарот за услуги, особено оние во финансискиот сектор, електронската трговија, телекомуникациските услуги и транспортот.

Договорот, исто така, вклучува и мерки за олеснување на работата на малите и средните претпријатија, стандардите за работна сила, безбедност на работната сила, заштита на животната средина и заштита на потрошувачите.

Се смета дека по неговото воведување годишниот обем на трговијата помеѓу ЕУ и Јапонија може да порасне за 36 милијарди евра.

Исто така, овој месец Брисел и Токио се договорија за слободна размена на информации- двете страни се согласуваат да ги признаат соодветните системи за нивна заштита како еквивалентни еден на друг. Ова своевремено ќе ја создаде најголемата зона за проток на информации во светот.

error: Content is protected !!