Кругман: Рецесија до крајот на годината ќе го зафати светот

Нобеловецот Пол Кругман предупреди дека големи се шансите дека светската економија ќе биде зафатена од рецесија до крајот на годината.

“Мислам дека има прилично добри шанси дека ќе имаме рецесија кон крајот на оваа година (или следната година)”, рече Кругман на Светскиот самит во Дубаи.

Тој верува дека е малку веројатно дека само една “голема работа” предизвикува економска криза, но дека серијата економски застои ќе ја зголеми веројатноста за пад на глобалната економија.

“Главниот проблем секогаш беше тоа што немаме ефективен одговор ако работите забават”, рече тој, додавајќи дека еврозоната сега е “место што изгледа навистина блиску до рецесијата”.

На крајот од минатата недела, Европската комисија остро ги намали прогнозите за економскиот раст на еврозоната за 2019 и 2020 година. ЕК вели дека растот на еврозоната ќе забави до 1,3% оваа година од 1,9% од 2018 година, со раст од 1,6% во 2020 година. Проценките се многу помалку оптимистички отколку претходните предвидувања на ЕК објавени во ноември, кога Брисел очекува еврозоната да порасне за 1,9% оваа година и 1,7% до 2020 година.

Кругман, исто така, предупреди дека веќе се наѕира дека „балонот се издишува“ кога станува збор за растот на технолошкиот сектор.

error: Content is protected !!