Прометот во индустријата во декември е зголемен за 6,1%

Прометот во индустријата во декември 2018 година во однос на декември 2017 година е зголемен за 6,1 %, а во периодот јануари – декември 2018 година во однос јануари – декември 2017 година бележи раст за 12,5%.

Според Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во декември 2018 година во однос на декември 2017 бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,3% и кај Капитални производи за 19,1%, додека опаѓање има кај Трајни производи за широка потрошувачка за 8,7% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,9.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2018 година во однос на декември 2017 година е намален за 5,2%. Бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 %, додека опаѓање има кај Капитални производи за 38,5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,9%. Прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2018 година, во однос на ноември 2018 година е помал за 2,3 %, додека во периодот јануари – декември 2018 година во однос на јануари – декември 2017 бележи раст ид 1,4 %.

Прометот во индустријата на странските пазари, пак, во декември лани во однос на декември 2017 е зголемен за 0,9 %. Има раст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,9 %, кај Капитални производи за 21,9% и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 5,8 %, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6%. Прометот во индустријата на странските пазари во декември 2018 година во однос на ноември 2018 бил помал за 1,6%, а во периодот јануари – декември 2018 година во однос на јануари – декември 2017 година бележи зголемување за 115,7 %.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!