Само 1% реализација на капиталните инвестиции во јануари

Во јануари годинава се реализирани само 4,5 милиони евра од предвидените 420 милиони евра за капитални проекти годинава. Тоа се само 1,09%. Минатата година реализацијата на капиталните инвестиции беше на најниско ниво во последните 10 години.

Минатата година реализацијата на капиталните инвестиции беше на најниско ниво во последните 10 години. Владата потроши само 197 милиони евра, односно 65,5 отсто од предвидените пари. Лошиот старт во јануари, од Стопанската комора го коментираат со забавената градежна оператива, што било карактеристично за тој месец.

„Мислам дека поуката од минатата година владата сега ќе ја сфати сериозно и сега ќе интервенира на секои два месеци поднесување извештај и така нема да дојдеме на ситуација да завршиме пак на 67 посто ќе завршиме над 90 отсто, а ние како институција ќе вршиме притисок за тоа и ќе го контролираме тој процес“, рече Бранко Азески, Стопанска комора на Македонија.

Освен капиталните инвестиции, друго горливо прашање за бизнисмените годинава е и најавеното зголемување на минималната плата. Од најголемата стопанска комора во земјава велат дека не може владата да диктира без да го слушне гласот на фирмите.

„Треба да се подобри амбиентот растот на домашната економија и на Бруто домашниот производ да биде меѓу 5 и 7 посто за да може да го осетат тоа и фирмите и работниците и граѓаните“,, додава Азески.

error: Content is protected !!