Анѓушев: Шпекулација е дека Фолксваген ќе инвестира во Македонија

Во интервју за „Дојче веле“, вицепремиерот на економски прашања Кочо Анѓушев, објасни дека информациите дека Фолксваген ќе инвестира во Македонија се шпекулација. Во одредени бизнис кругови, се шпекулираше дека сепак Владата имала контакти со Фолксваген, но најновата информација е  дека Фолксваген најверојатно ќе инвестира во Романија или Бугарија.

Дојче Веле:На што ги темелите овие очекувања, на најавите за можен влез на „Фолксваген“ или на некој друг гигант за кој се шпекулира дека ќе дојде во Македонија?

Анѓушев: Не, нема ништо од тоа дека Фолксваген ќе инвестира во Македонија и тие информации се шпекулација…

Дојче Веле: Тогаш која е таа, голема германска инвестиција. Онаа на „Гересхајмер“ која ја најави премиерот Заев?

Анѓушев: Да и таа е веќе потврдена. И мислам и дека е уште подобра бидејќи е во делот на мехатроничкото производство. Станува збор за компанија во чии процеси работат исклучително високо квалификувани и квалитетни луѓе-инженери. Производството е мехатроничко, во смисла на тоа дека произведуваат роботи, високо автоматизирани машини. Тоа ќе биде фабрика со не многу вработени, некаде околу 300 до 400 луѓе, но со голема додадена вредност и со производи кои што имаат вредност. Тоа е она што нам ни е потребно во моментов во Македонија. Доволно вработувавме луѓе за 200 евра. Ако вработите 5 или 6 илјади луѓе за по 200 евра тие практично се само во чекалница и бараат можност да си го решат проблемот на друго место.

Откако Виепремиерот за економски прашања демантираше дека Фолксваген ќе инвестира во Македонија излезе следната вест: Фолксваген планира отворање на голема фабрика, фаворити се Бугарија и Србија?

error: Content is protected !!