75% од вработените во Македонија земаат пониска плата од просечната

75% отсто од вработените во земјава заработуваат месечна плата која е под просекот. За повисоки плати во приватниот сектор може да се разговара само кога економијата испорачува сериозни стапки на раст. Нема подобар начин на подобрување на животниот стандард од создавање на нова вредност, а тоа значи дека е можно само со отворање на нови работни места и подобрување на продуктивноста.

Ова е анализата на Универзитетскиот професор Марјан Петрески кој за Алсат.

„Порелевантна е една друга мерка која се нарекува медијална вредност којашто го дели целиот примерок на вработени лица на пола. Таа не се публикува, но се пресметува во Државниот завод за статистика и според некои интерни калкулации се движи околу 18 илјади денари. Тоа значи дека пола од вработените добиваат под 18 илјади денари, а другата половина добива над“, вели професорот Петрески.

За најавите на владата за ново зголемување на минималната плата, професорот Петрески вели дека стопанството во моментов не е најподготвено за тој чекор. Но, со прилагодувањето кое ќе настане од растот на инфлацијата, но и од зголемените плати, најдоцна во април годинава, минималецот би можел да достигне 12.500 денари. Сè што би било над оваа сума, би претставувало проблем за помалите компании.

„Во моментов тој простор е многу ограничен. Ако се зголеми, претпоставувам калкулирате со некој износ од 13 илјади денари, веќе тоа ќе биде некоја висока – висока граница на одржливост за бизнисот во моменталната консталација“, додава проф. Петрески.

Со сличен став и загриженост за опстанок на добар дел од компаниите изразија и бизнисмените по најавите за нов повисок минималец. А, тоа што статистички декемвриската нето просечна плата достигна речиси 26 илјади денари професорот вели дека се должи на тоа што компаниите пред нова година ги исплатите бонусите за вработените за да се избегне плаќање на прогресивниот данок кој стартуваше од први јануари.

error: Content is protected !!