Државен завод за статистика: Бројот на невработени во Македонија изнесува 198.569 лица
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, активното население во земјава изнесува 957.623 лица, од кои вработени се 759.054 лица, а бројот на невработени изнесува 198.569 лица.
Забележително е зголемување на бројот на невработени во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, кога според статистичарите во земјава имало 185.803 невработени лица или стапката на невработеност била 19,4 отсто.
ДЗС соопшти дека стапката на активност во 2018 година изнесува 56.9, стапката на вработеност 45.1, додека стапката на невработеност изнесува 20.7 отсто.
