Бројот на Украинци кои добиле работна дозвола во Македонија се зголемил за трипати

Во текот на 2018 година вкупно 198 Украинци добиле работна дозвола во Македонија. Нивниот број се зголемил безмалку трикратно во однос на претходната 2017 година кога само 72 работници дошле од Украина да работат во Македонија.

Бројот на останатите странци останува стабилен, односно нема поголеми промени во структурата и тие претежно се од регионот. Најмногу биле ангажирани од Турција со вкупна бројка од 1.092 лица, а потоа од Србија 507 лица, Албанија (393), Косово (261), Грција (231). Од Украина дошле повеќе работници дури и од Бугарија од каде работеле 147 работници и од Хрватска од каде се 107. Меѓу првите земји се уште и Германија со 90 и БиХ со 75 работници.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!