Субвенции од 30 милиони денари за промена на прозори или купување и ставање на соларни панели

Годинава за субевнционирање на граѓаните за промена на своите прозори, или купување и ставање на соларни панели Владата обезбеди 30 милиони денари.

Доколку планиравте годинава да ги промените во домот прозорците со целокупната потреба документација час поскоро поднесете документи за субвенционирање на прозорци од алуминиум или ПВЦ столариија, бидејќи и годинава важи правилото прв дојден прв услужен.
Министерството за економија ќе врати кај граѓаните од потрошените парични средства за промена на прозорците до 50 отсто, односно не повеќе од 25.000 денари.

Исто така и оние граѓани кои во оваа тековна година планирале да вградат или купат соларни панели во домаќинството за да ја користат енергијата од сонцето, треба да ги поднесат потребните документи за надоместување за дел од трошоците за сончеви термални колекторски системи. Министерството за економија за овој надоместок ќе ги субвенционира граѓаните со 30 отсто, односно не повеќе од 15.000 денари.

error: Content is protected !!