Apple имал неуспешен обид да ја купи компанијата Tesla на Musk?

Уште во 2013 година компанијата Apple имала идеја да ја купи компанијата на Elon Musk, Tesla за 240 долари по акции. Откако акциите на компанијата Tesla во тој период паднале, технолошкиот гигант бил спремен да ја купи.

Ако оваа информација е навистина точна, тогаш можно е компанијата Apple сега повторно да појави интерес за Tesla, откако акциите во последните неколку месеци навистина паднаа.

Оваа инфрмација во јавноста за прв пат ја објавил Крег Ирвин, аналитчар во Рот Капитал и соработува со CNBC.

Денес, Крег Ирвин, аналитичар во Roth Capital партнер на CNBC говорел за оваа понуда. “Некаде во 2013 година, постоела сериозна понуда од Apple за околу 240 долари по акција”, изјавил Ирвин.

Аналитичарот не ги откри своите извори, но додал: “Тоа го проверивме многу пати. Сосема сум убеден дека тоа е точно. Apple се натпреварувал за Tesla. Не знам дали тоа стигнало до одредена формална фаза, но дознав за тоа од неколку различни, многу веродостојни извори”.

Ирвин тврди дека Apple би можел сè уште да биде заинтересиран за Tesla, особено откако вредноста на Tesla многу опаднала во текот на последниве месеци.

Тој тврди дека проектот на Apple, Titan, развој на автономно електрично возило, сеуште е во повој па затоа технолошкиот гигант би можел да биде заинтересиран за Tesla, за да ја искористи неговата стручност на тоа поле.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!