Игор Христов: Eлектрични возила и нивната ефикасност
Игор Христов еден од основачите на американско-македонскиот стартап Fueloyal што им помага на транспортните компаниите да се справат со кражбата на гориво, напиша краток текст за електричните возила и нивната ефикасност:
Бидејќи постојано добивам прашања околу електрични возила и нивната ефикасност па да споделам на темата сиже од неколку артикли што ги најдов на оваа тема.
Знаеме што е литар гориво (бензин, дизал, плин) и колку чини а врз основа на параметрите колку литри на 100 км може да помине возилото калкулираме и колку чини патување или кога треба повторно да дополниме. Еден резервоар во просек има зафатнина од 40-50 литри гориво и во просек малолитражно возило троши 7-8l/100km. Значи со еден резервоар може да помине 500-700км. Кога збориме за електрични возила тешко е да замислиме како изгледа kWh посебно затоа што струјата не се гледа нити пак има тежина.
Но за електричните возила електричната енергија има тежина и тоа доста голема. Еден батериски систем со денешната технологија тежи повеќе од 600kg. И таа е константна за цело времетраење на патувањето дури и со празнење на батерискиот систем .
На прашањето колкава батерија ми треба за да поминам 100km кај електричните возила и не е толку лесно да одговориш?
Проблем кај постоечките батерии е ниското ниво на “густина на енергија”. Моторите со внатрешно согорување се по прилично не ефикасни 30% бензин 40% дизел. Горивото од друга страна содржи голема количина на енергија во 1литар. Колку е тоа? Математиката е следна: Калориска вредност на горивото (41.5MJ/kg бензин) * 0.75 (kg/L) = 31.13MJ/L односно 1kWh = 3.6MJ Значи еден литар гориво е 8.65kWh.
Моменталната технологија на батерии во основа го содржат Литиумот и во просек имаат 0.14kWh/kg што значи секој kWh тежи околу 7kg.
Доаѓаме до интересна споредба дека 1L гориво одговара на 60kg батерија. На ова ако се додаде и тежината на моторите (електричните се мали и ефикасни 0.1-0.3kg за секој kW) додека моторите на внатрешно согорување се потешки 1-2kg на kW) и ефикасноста на моторите (30% бензин, 40% дизал и 90% електрични) во пракса се доаѓа до тоа да 30кг батерија е еднаква на 1Л гориво доаѓаме до основниот проблем на електричните возила а тоа е батерискиот систем кој има многу мала густина на пакување.
Игор Христов
