Facebook ja лансираше новата криптовалута наречена Libra

Facebook објави дека лансира дигитална валута наречена Libra. Новата криптовалута се очекува да им помогне на милијарди корисници на социјалните мрежи во спроведувањето на меѓународните трансакции.

Како и кај повеќето криптовалути, Libra ќе биде управувана и обезбедена од страна на кој било учесник што има пристап до компјутер.

– Facebook , заедно со уште 27 организации низ светот, стартува не-профитна Libra асоцијација и креира нова валута наречена Libra . Мисијата на Libra е да креира едноставна глобална финансиска инфраструктура која ќе охрабри билиони луѓе низ светот. Криптовалутата е поддржана од блокчејн технологија и се планира да се лансира во 2020 година. – соопшти основачот на Facebook, Марк Цукерберг.

Со оглед на тоа дека Facebook го користат околу 2 милијарди луѓе, неговата планирана криптовалута либра може да стане значајна златна кокошка за социјалните мрежи и потенцијално да го измени својот конвенционален финансиски модел.

Во меѓувреме, потегот на Facebook да се вклучи во финансискиот сектор ги натера британските и американските власти да ја искажат својата загриженост. Минатиот месец Комитетот за банкарство, домување и урбани прашања на американскиот Сенат му се обрати на главниот извршен директор на Facebook , Марк Цукерберг, во писмо со кое бара одговор за регулацијата на приватноста и финансиите на социјалните мрежи.

– Важно е да се разбере како големите социјални платформи ги прават достапни податоците што може да се користат на начин што има големи последици врз финансискиот живот на потрошувачите. Исто така, важно е да се разбере како големите социјални платформи ги користат финансиските податоци за профилот и целните потрошувачи. – се вели во писмото.

Најавата на Facebook доаѓа откако потпретседателот на американската фирма за Европа, Никола Менделсон, претходно месецов изјави дека компанијата ќе отвори уште 500 нови работни места во Лондон.

error: Content is protected !!