Косово се закани дека ќе воведе царини за Македонија

Во дебатата за ефектите од 100-процентното зголемување на царините за Србија и Босна, која ја организираше институтот Риинвест, косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрит Шала, предупреди дека и други земји, исто така, може да бидат подложени на царини.

Шала ги спомена Албанија и Македонија, бидејќи тие земји имаат царини за производителите од Косово.

Косово ќе го применува истиот пристап за сите земји-членки на ЦЕФТА. Ние сме загрижени за Северна Македонија, бидејќи неодамна, оваа земја го забрани извозот на рибни суровини. Нашето министерство е подготвено да применува различни мерки за други земји, во зависност од барањата на косовските производители“, рече тој, пренесе агенцијата Ибна.

Берат Тачи од институтот ГАП ги претстави наодите од истражувањето направено од овој институт за ефектите од 100-процентните царини.

„Косово не ја прекрши ЦЕФТА со воведување на царините од 100 отсто, бидејќи премиерот на Србија ѝ се закани на нашата национална безбедност. Според договорот ЦЕФТА, ако една земја ѝ го стори тоа на друга земја, другата земја има право да го прекине договорот. Косово не може да го напушти договорот ЦЕФТА, бидејќи го прифати Договорот за стабилизација и асоцијација“, рече тој.

error: Content is protected !!