Македонија по брзина на интернетот е последна на Балканот, а на 78 место во светот

Cable.co.uk е британска страница за телекомуникациски услуги, која ја рангира Македонија на 78 место во светот по брзина на интернет, која изненсува 7,97 мегабити во секунда (Mbps). Со просечната брзина на нашиот интернет ви треба 1 час, 25 минути и 38 секунди за да преземете филм од 5GB.

Тоа значи дека заостануваме дури за 10 места, при што во 2018 годна имавме просечна брзина на интернет од 8,82 мегабити во секунда. Земјите од регионот се пред нас, при што Словенија е на 27 место, Србија е 44-то, Хрватска на 49, Бугарија – 50, Грција на – 57, Косово – 60. Најбрз интернет во светот има во Тајван, Сингапур, Шведска, Данска, Јапонија, а најдолен на списокот, на 208 место е Јемен.

error: Content is protected !!