EQ Excellence oнлајн тренинг: Како да се справите со луѓе со ниска емоционална интелигенција

EQ Excellence ве поканува на онлајн Тренинг за јакнење на вашата емоционална свесност на тема:
“КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ЛУЃЕ СО НИСКА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА”

На тренингот ќе научите кои се 6те чекори во комуникација кои можете да ги превземите кога ќе се соочите со луѓе од фамилијата или блиски пријатели кои препознавате дека имаат ниска емоционална интелигенција (EQ). Нивната ниска EQ се одразува на секој аспект од нивниот живот, но се одразува и врз вашиот – затоа што сте присилени да комуницирате со нив како со членови од фамилија.

Како да ги препознаете овие личности во фамилијата:
– тешко се справуваат со стрес и лесно избувнуваат,
– ги обвинуваат другите на сопствените чувства и однесување,
– долго време држат лутина затоа што немаат капацитет да превземат одговорност за сопствените чувства, животни улоги и однесување кои самите го манифестираат,
– тешко управуваат со своите емоции и најчесто стануваат агресивни, високо манипулативни дури и ги “тероризираат” другите се додека не го добијат тоа што го сакаат.

Што ќе добиете од овој онјалн тренинг?
1. Мудри комуникациски вештини со кои ќе може полесно да се справите со овие личности,
2. Поголема свесност за вашиот емотивен и ментален капацитет од нив,
3. Зајакнување на вашите емоционални капацитети со кои ќе изградите здрава врска со себе и ќе поставите повисоки стандарди за комуникација меѓу вас и вашето опкружување.

Онлајн тренингот ќе се одржи на 24ти јули од 17-19 часот.
Учеството се потврдува со уплата од 1000 денари и донака за уплата: Онлајн тренинг
ж-ска: 300060000097809
Комерцијална банка АД Скопје
ЕИ Екселенс

По уплатата ќе ви пратиме линк од тренингот на мејл.
Со почит,

Нела Јолеска
EQ Excellence
Six Seconds Network Leader
Mob. 078 202 616

error: Content is protected !!