Предавање: Fundraising for startups 101 со Игор Маџов
Младински образовен форум ве кани на бесплатно предавање Fundraising for startups 101 со Игор Маџов, односно Како да го финансирате вашиот стартап во Македонија.Дојдете да научите што треба да знаете пред да контактирате со инвеститори и како да дојдете до финансии за вашиот стартап.
Слушателите ќе се запознаат со:
– Животниот циклус на еден стартап
– Во која фаза стартапите до какви инструменти на финансирање можат да пристапат
– Како функционираат Ангел – инвеститори, крауд фандинг платформи, Фонд за иновации, акцелератори, фондови на ризичен капитал, како и пристап до грантови и банки)
– Што бараат/очекуваат инвеститорите пред да им пристапите
– Потребна документација
– Ресурси за поддршка на стартап компании во Македонија
Игор Маџов е Инвестициски фасилитатор за западен балкан и startup scout во регионалниот венчр капитал фонд South Central Ventures. Со повеќе од 15 години искуство работа со стартап компании и иновативни бизниси Игор безусловно го поддржува развојот и растот на стартап екосисистемите во Југоисточна европа.
Ко/основач е на Startup Mакедонија со која работат на вмречување на сите чинители и обезбедување подобра клима за развој и раст на стартапи. Се појавува како Ко-организатор е на Startup Europe Week, Startup Weekend, Global Enrepreneurship Week и учество како ментор, советник и организатор на интернационални програми, конференции и настани. Неговата експертиза е во развојот на бизнисот на tech компании, финансирање на стартап компании и корпоративни иновации.
Ова предавање е дел од проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ кој во државата се спроведува од страна Младински образовен форум (МОФ) и Институт за европска политика (ЕПИ), со поддршка од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).
23.07.2019 во 18 часот во јавна соба
