Откако милиони Романци се иселија од својата држава по влезот во ЕУ – Романија се соочува со недостиг на работна сила
Откако Романија влезе во ЕУ во 2007 година, многу Романци потрагата по подобар живот ја побараа во земjите во западна Европа, што освен раст на платите во Романија предизвика и голем недостиг на работна сила и го става под знак прашалник идниот развој на Романија.
Денеска романскиот министер за финансии Еуџен Теодорович изјави дека земјата има потреба од еден милион работници. На конференцијата оддржана во Букурешт посветена на ситуацијата со вработувањето во Романија, министерот изјави дека 5 милиони Романци заминале во странство, а има и многу кои работат на „црно“.
„Во моментов, Романија има потреба од еден милион работници, што е исклучително многу“, рече министерот.
