Mакедонија ќе се задолжи 125 милиони евра од Светска банка

Владата на Република Македонија го утврди текстот на Предлог на Закон за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност, кој го доставува до Собранието на Република Македонија за усвојување.

Целта на овој заем е да се обезбедат средства за буџетска поддршка, а основното начело врз основа на кое се заснова овој предлог на Закон е обезбедување на заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност.

Оттука, Република Македонија и Светската банка ќе склучат Договор за заем во износ од 125.000.000 евра, кои се дел од новата Рамка за партнерство на државата со Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка договорена на 18 април 2019 година за периодот 2019-2023 година во висина до 420 милиони долари за нови заеми во текот на следните четири и пол години на спроведување на Рамката за партнерство, во зависност од капацитетот за кредитирање на Светска банка, барањата на други заемопримачи, успешноста и приоритетите на земјата и глобалните економски настани.

Рамката за партнерство се фокусира на три меѓусебно поврзани области кои Република Македонија ги има постигнато, како што се: Извозно – ориентиран раст; Подобрување на средината за конкурентен приватен сектор; Инклузивен раст, односно проширување на вештините и можностите за најранливите категории; и Одржлив раст, односно подобрување на одржливоста и градење на отпорност на шокови.

– Движење на јавниот долг, кој на среден рок ќе достигне 54,8% од БДП во 2020 година како резултат на интензивирањето на капиталните проекти, и потоа ќе се намали на 53,8% од БДП во 2021 година. Поточно, јавниот долг ќе се движи значително под утврдениот лимит за среднорочно и долгорочно ниво од 60% од БДП, пишува во фискалната стратегија на Македонија за период 2019-2021.

error: Content is protected !!