Владата најави “бесплатна” замена на печките на дрва со инвертери за оваа грејна сезона

Жителите на Битола, Тетово и Скопје печките на дрва ќе можат да ги заменат за инвертери. Замената ќе биде бесплатна во рамките на проект на Владата и Државни електрани со цел намалување на аерозагадувањето Од оваа грејна сезона жителите на најзагадените градови во државата Битола, Тетово и Скопје печките на дрва ќе можат да ги заменат за инвертери.

Замената ќе биде бесплатна во рамките на проект на Владата и Државни електрани со цел намалување на аерозагадувањето, за време на зимските месеци кога ПМ 10 честички и по неколку пати ги надминуваат граничните вредности.

Оваа новина на Владата ја најави лично премиерот Зоран Заев при посетата на Пелагонија каде во исто време се гради гасовод.

-Од претстојната грејна сезона ќе овозможиме бесплатна замена во домаќинствата на печките кои користат огревно дрво и фосилни горива, со високо коефициентни инвертери, прво во Битола, Скопје и Тетово а потоа и други градови ќе почнеме со имплементација на ваквиот проект со кој Владата и ЕСМ почнаа со подготовка. Бидејќи ЕСМ преку РЕК Битола и РЕК Осломеј има нанесено штети врз екологијата од нивното постоење до денес, сега ред е да им помогне на сите домаќинства во државата со примена на високо ефикасни инвентери и други системи на енергетска ефикасност. Трошоците за користење на инвентерите во домаќинствата се значително пониски и од другите начини на греење, вклучувајќи го и огревното дрво, а топлинскиот комфор е далеку поголем, а како дополнителна вредност е можноста за ладење во лениот период. Но, клучно е дека на овој начин заеднички ќе си го заштитиме воздухот кои сите го дишеме и не препознава ниту партија, ниту политика, ниту било каква припадност, рече премиерот Заев.

*Зборот бесплатна во насловот е ставен во наводници зошто тие пари се од граѓаните и компанните кои плаќааат данок. Бесплатно може да биде нешто, за што не си дал пари и ти го подарува некој.

error: Content is protected !!