Австриската компанијата „Текспорт“ започнува со производство во Општина Илинден

На 29.08.2019 година (четврток) со почеток во 14:30 часот во локалната економска зона Марино-Кадино, во Општина Илинден, на свечен начин ќе биде предаден во употреба новиот производствен погон на австриската компанијата „Текспорт“.

Станува збор за компанија која што се занимава со производство на заштитна облека и важи за производител со највисок и најиновативен квалитет на противпожарна облека во светот. Инвестицијата во Општина Илинден е досега најголемата инвестиција на оваа компанија.

error: Content is protected !!