Македонска пошта која работи со годишна загуба од 2,7 милиони евра ќе вработува нови 80 лица

Македонска пошта вработува 80 лица на неопределено. Претпријатието преку оглас бара преведувачи, шалтерски работници економисти, правници.

Во зависност од позицијата платите се движат од 16 до 24 илјади денари. Во последните две години, од 2018 во АД“Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, работниот однос по разни основи им престанал на вкупно 210 вработени.

Изминативе години поплаките од граѓаните за услугите од македонска пошта не стивнуваат. Според последните податоци бројот на рекламации во 2018 изнесуваат 1.492 . Најголем број се за изгубени, оштетени поштенски пратки и за пречкорување на рокот за достава.

Македонска пошта веќе некоку години работи и со загуба. Во 2017 загубите изнесувале 3 милиони евра. Во 2018, 2,7 милиони евра. Годинава пак директорот Рустеми вели дека финансиската состојба се подобрува. Иако загубите во првите шест месеци се речиси 500 илјади евра во споредба со истиот период лани има намалување за околу 1 милиони евра.

Според податоците на ДЗС пак низ годините континуирано опаѓа и бројот на пратки и писма. Меѓународните финансиски институции неколкупати препорачаа поштенскиот пазар да се либералзиира за да се зголми конкурецијата. Иако просецот требаше да почне годинава, се одложи за следната. Во Македонска пошта во моментов работат над 2000 лица.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!