За исплата на пензии за следната година се предвидени речиси 1 милијарда евра

За исплата на пензии во буџетот за следната година се предвидени 946 милиони евра, пренесува Телма. Оваа сума практично значи дека следната година ќе се исплатат 68 милиони евра повеќе од годинава за пензионерите. Проекциите на Фондот за пензиско веќе се вкалкулирани во Буџетот за наредната година, кој се чека деновиве да го усвои Владата.

Од ПИОМ објаснуваат дека проекциите ги правеле врз основа на усогладсување направено според трошоците на живот и растот на економијата.

Но интересно е што 65% од потребните средства на ПИОМ лани се обезбедени државниот буџет, за разлика од преклани, кога од буџетот биле трансферирани 56 проценти од потребните пари. Остатокот го обезбедувал Фондот.

Според проекциите на ПИОМ во декември следната година просечната пензија би изнесувала 15.012 денари, а бројот на пензионери би бил 327.125 лица.

Премиерот Заев во неколку наврати изјави дека ќе има огромјно зголемување на пензиите. Кажа и дека се работи на нова методологија, која треба да биде готова до крајот на годинава

error: Content is protected !!