Жителите на Тексас на референдумот гласаа против воведувањето на данок на доход
Жителите на на сојузната држава Тексас во САД, на референдум изгласааа уставен амадман кои забранува државата Тексас да воведе данок на доход. Дури 76% од гласачите гласааа ЗА амандманот наречен Prop 4.
– Тексашани, Ви благодарам! Идните генерации на Тексашани ќе ви бидат благодарни, напиша на Твитер, тексашкиот гувернер Greg Abbott, републиканец, после објавата на резултатите од референдумот. Пред гласањето Abbott објави видео во кое кинеше калифорниски формулар за пријава на данок.
– Не сакам вакво нешто, да видам во нашиот величествен Тексас, изјави тој пред камерите.
Тексас е една од седумте американски сојузни држави кои немаат свој данок на доход. Граѓаните секако мора да плаќаат данок на доход, на федерално ниво кое иде во Вашингтон. Но данокот на државно ниво, е подолго време предмет на расправа, но секогаш на крајот бил одбиен. Ова не е прв пат граѓаните да гласаат против воведување на овој данок, првиот пат беше на референдумот во 1993 година. Тексашаните изгласаа дека за воведување на данок на доход потребно е 2/3 од гласовите во државниот конгрес, а во тој случај парите од данокот смеат да се трошат исклучиво на финансирање на образованието.
– Тоа што Тексас нема данок на доход е една од клучните предности што го прави конкурентен, објасни Janelle Cammenga политички аналитичар од организацијата Tax Foundation.
– Данокот на доход е економски поштетен од данокот на потрошувачка(се мисли на ДДВ или данок на продажба) затоа што данокот на доход влијае на сегашните и идни примања, а тоа влијае негативно на инвестициите, објасни Cammenga за Reason.
Tax Foundation го рангираше Тексас на 13 место за бизнис клима во однос на даноците од 50 американски сојузни држави. Додека на рангирањето за економски слободи (во рамки на САД), кое го спроведува Cato инстутот, го рангира Тексас на седмо место за фиксалните прашања.
