Царовска: Нема да ја зголемиме дупката во ПИОМ со покачувањето на пензиите туку со субвенционирање на платите ќе ја затвораме
Зголемувањето на пензиите од 1 јануари за 11,40 евра, според министерката Мила Царовска, нема да ја зголеми буџетската дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека дополнителното зголемување на буџетот не ја проширува дупката, туку оди паралелно со субвенционирање на зголемувањето на платите од 600 до 6.000 денари, за што државата ќе ги плати придонесите за работната сила.
– Дополнително овие пари кои што ги даваме за субвенционирање, тие не ја зголемуваат дупката, тие напротив префрлуваат пари и ја затвараат дупката затоа што тие стигнуваат повторно во фондот, сега повторно парите од буџет влегуваат во друг, во пензискиот фонд, но со тоа правиме добро, не правиме лошо. Ги зголемуваме приходите во пензискиот фонд и можеме да исплатиме повисоки пензии кај пензионерите зошто, за да може вкупното учество на просечната пензија во просечната плата да го задржиме исто, инаку ако останевме само вака стабилниот пензиски фонд ќе престанеше да ја прати потребата од раст на пензиите, изјави Царовска.
