Вучиќ: Србија има поевтина струја од Македонија, а Србите имаат повисоки плати од Македонците

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ гостуваше во српска емисија „Кирилица“ при што посочи дека Србија има значајно поевтина струја од Македонија.

„Сакаме да се приближиме од Унгарија, Хрватска, тоа ни е целта. И тоа со многу пониски трошоци, немојте да заборавите дека денес цената на нашата струја е убедливо најниска во регионот и Европа, пониска дури и од Северна Македонија, која има значајно пониски плати од Србија“, истакна Вучиќ.

error: Content is protected !!