Транс-анадолскиот гасовод e пуштен во употреба – Македонија ќе гради интерконектор до Грција

Официјално пуштен во употреба Транс-анадолскиот гасовод (Trans Anatolian Natural Gas Pipeline – TANAP), на локацијата Ипсала/Едрене во близина на граничниот премин помеѓу Република Грција и Република Турција. Со ова, Транс-анадолскиот гасовод (ТАНАП) официјално започна да пренесува гас до европскиот дел од јужниот гасен коридор на турско-грчката граница. На свеченоста присуствуваа Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за економија м-р Крешник Бектеши и директорот на Националните енергетски ресурси Бајрам Реџепи.

Министерот Бектеши потенцираше дека проектот ТАНАП е од голема важност, не само Азербејџан и за Турција, туку и за цела Европа, а посебно за дел од земјите на Балканот.

„Како Влада на Македонија сме многу заинтересирани за овој гасовод имајќи во предвид дека веќе од наредната година во јуни, се предвидува да биде пуштен во употреба и да се поврзе со ТАП, каде што ние во моментов работиме преку државната компанија „Национални енергетски ресурси“ (НЕР) да го изградиме интерконекторот до Грција, а истовремено тоа ќе ни даде можност за девирзификација на снабдувањето со природен гас во Македонија, а тоа ќе ја зголеми конкурентноста на нашата држава, а истовремено нашите граѓани и нашата индустрија ќе имаат можност да се снабдуваат со поевтин гас“, потенцира Бектеши.

Целта на проектот ТАНАП е да донесе природен гас произведен во втората зона за гас во Шах Денис, Азербејџан и другите области во Каспиското Море, главно во Турција, но и во Европа. Проектот ТАНАП, заедно со јужно-кавкаскиот гасовод и транс-јадранскиот гасовод од елементите во јужниот гасоводен коридор.

ТАНАП минува од турската граница со Груција, почнувајќи во турското село Туркгозу во областа Пософ во Ардахан, низ 20 провинции вклучително и Карс, Ерзурум, Ерзинџан, Бајбурт, Гумушане, Гиресун, Сивас, Јозгат, Киршехир, Кирикале, Анкара, Ескишехир, Билеџик, Кутахја, Бурса, Баликесир, Џанакале, Текирдаг и Едрене, до грчката граница во областа Ипсала, Едрене. Од оваа точка, ТАНАП се поврзува со ТАП гасоводот за пренос на природен гас до европските нации. Во Турција се лоцирани две појдовни станици за пренос на природен гас, една во Ескишехир и друга во Тракија. Со 17,6 км под Мраморно Море, главниот гасовод во Турција опфаќа вкупно 1850 км, заедно со појдовните станици и надземните инсталации.

error: Content is protected !!