Лимитот за плаќање во готовина од 2000 евра го спуштија на 500 евра, а сега повторно го враќаат на 3000 евра

Од сега за сите граѓани кои сакаат во готовина да платат поскапи стоки и услуги, лимитот е поместен до три илјади евра, согласно последните измени во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Последните денови од минатата година, по скратена постапка пратениците ги изгласаа законските измени, по предлог на група пратеници од ДУИ и СДСМ.

„Вака утврдената одредба во периодот од нејзината примена од 1 јуни 2019 година до денес предизвика ограничувања за голем број на граѓани, кои согласно со своите потреби правото за плаќања со готовина за стоки и услуги за износ поголем од 500 евра во денарска противвредност не можат искористат заради ограничувачката одредба која наметнува дополнителини обврски за граѓаните. Заради ограничувачкиот законски износ во многу секојдневни ситуации со кои се судираат граѓаните потребна е предметната измена на законот и нејзино усогласување со правните прописи за вршење на готовински плаќања со земјите од Европската Унија како што се: Белгија, Италија, Унгарија, Чешка, Полска, Латвија, Словенија и други. – стои во предлогот на пратениците.

Износот досега се намали неколку пати. Сумата првично беше на 15 илјади евра, потоа власта ја намали на 2 илјади евра, па на илјада, за на крајот во јуни лани – одлуката за дозволено плаќање во кеш да е максимална сума од 500 евра.

Ограничувањето на износот за плаќање во готовина на сила се одржа само половина година. Измените се направија во време кога министер беше Драган Тевдовски. Бизнис секторот бурно реагираше на одлуката велејќи дека на тој начин ќе им се намали прометот, но токму намалувањето на прагот беше еден од клучните владини адути во борбата против сивата економија.

error: Content is protected !!