НБРМ ја намали основната каматна стапка на историско најниско ниво

Главното прашање за денес е дали ќе паѓаат ли каматите на кредитите кај домашните банки?Централната банка даде сигнал, ја спушти основната каматна стапкна на најниско ниво до сега, со тоа што основната каматна стапка се намали за 0,25 процентни поени, односно од 2,25% на 2,00%.

Но, дали и колку тоа ќе ги стимулира банките да ги спуштат каматите на кредитите кои иако паѓаат сепак се уште се далеку повисоки од европските. Експертите не очекуват драстично намалување, туку да продолжи трендот на пад како изминативе години.

-Во еден поголем период сега веќе и од неколку години забележуваме намалување на каматните стапки и на кредитите и на депозитите, значи и на страната и на активата и на пасивата што секако во одреден дел е водено и од овие сигнали кој ги дава Централната банка меѓутоа генерелно е рефлексија и на намалените ризици и перцепцијата за намалување на ризиците во економијата. Не очекувам дека може да се случува нешто драматично, очекувам дека трендот кој што го гледаме да продолжи веројатно со некоја слична динамика, вели професорот Марјан Петрески за Телма.

Просечните камати пак за кредитите на домаќинствата се 5,8 проценти, додека тие на депозитите се само 1,5 процент.

error: Content is protected !!