Лажна вест е дека ќе се враќаат повеќе пари од МОЈДДВ!

Нема да се зголеми процентот на поврат од 15 отсто од платениот ДДВ, пишува Фактор.

Односно, мерката на Владата со која на граѓаните што скенираат фискални сметки им се враќаат 15 отсто од платениот данок на додадена вредност, ќе остане во иста форма како што сега се спроведува.

На исти начин ќе продолжи да се одвива и наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, која се спроведува од неодамна.

Ова за Фактор го тврдат од Министерството за финансии, откако во одредени медиуми беше објавено дека Владата планира измени во проектот за поврат на ДДВ на граѓаните, со кои би се зголемил процентот кој сега изнесува 15 отсто, на повисок процент, со цел мерката да стане попривлечна за поголем број граѓани и проектот да добие на масовност.

„Марката дава добри резултати, а одлично поминува и наградната игра, така што, продолжуваме како и досега“, велат за Фактор од Министерството за финансии.

error: Content is protected !!