Поради коронавирусот кинеските акции загубија 420 милијарди долари
Во Кина стравот од неизвесноста од ширењето на новиот коронавирус тешко ги погоди берзите каде акциите загубија 420 милијарди долари од нивната вредност.
Инвеститорите распродаваа акции и јуани, масовното обезвреднување се случи и покрај тоа што Централната банка на Кина соопшти дека ќе „инјектира“ 174 милијарди долари за ликвидност во финансискиот сектор.
Покрај тоа, властите објавија дека сите основни производи ќе бидат загарантирани и дистрибуирани преку централна мрежа за контрола на тие производи.
Со преземање активности надвор од производството на овие производи им беше дозволено на фирмите да ги продолжат слободните денови во име на здравствената сигурност.
Бројот на починати во Кина во епидемијата на новиот коронавирусот до вчера нарасна на 362. Во Кина се регистрирани вкупно 17.205 заболени.
