Иницијативата дигитален идентитет е добар потфат, но нешто не ми штима

Иницијативата дигитален идентитет е добар потфат. Нооо, нешто не ми штима. Зошто мораше Mastercard да биде избрана за имплементација.

Во Естонија има слична услуга наречена Smart ID.Се користи низ сите три Балтички земји. Развиена е од домашни компании.

Ова оди во чекор со паметната стратегија што ја имплементираше Естониската влада за развој на приватниот сектор – Иницирај амбициозни технолошки потфати и ангажирај го приватниот сектор, наместо да вработуваш програмери во Влада.

Со тоа домашните компании мораа да си ја чукат главата и да стекнат знаење во напредни технологии, ако сакаат пари.

Зошто оваа Влада не го направи истото?

Еден чекор напред, два настрана,

И друг момент…

Се прави алузија на овој потфат со проектот за дигитален идентитет за Естонија. Барем јас така разбрав од нивниот комуникациски материјал

Но двете се различни.Дигиталниот идентитет е само дигитализирана верзија на твојата лична карта

Но не видов дека има спомнато интер-операбилност меѓу владините услуги на база на тој дигитален идентитет. Како што е случајот со Естонија

Со други зборови – ќе мора повторно да се докажуваш дека тоа си ти секогаш кога користиш јавна услуга.

Значи ова ти е ко што велиме кај нас во Струмица – Јаваш-јаваш потег.

Блаже Аризанов

Автор на книгата Белиот трофеј и ко-основач во индискиот милионски стартап Stay Uncle.

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

error: Content is protected !!