Македонците не се плашат од корона вирусот од Кина масовно се нарачуваат работи

Корона вирусот се шири брзо, на жители од Кина повеќе не им е дозволено да ги напуштаат своите градови, но за пратките не е одреден „карантин“, односно задржување.

Со оглед на тоа дека од Кина масовно се нарачуваат работи, особено преку интернет-платформите како AliExpress, има загриженост дали корона вирусот може на тој начин да стаса до граѓаните. Досега не е објавено дека има случај или доказ дека вирусот може да се пренесе преку пакет, а состојбата со корона вирусот засега не се одразува на обемот на нарачки од Кина кај нас.

Според Пошти на РСМ, операторот преку кој кај нас стасуваат најголем број од пратките, состојбата со корона вирусот засега не се одразува со обемот на таквите нарачки.

– Во изминатиот период не е забележана тенденција на намалување на пристигнати пратки од AliExpress и според вообичената динамика се доставуваат и се подигнувааат пратките од страна на нашите корисници, велат за МИА од Пошта на РСМ, операторот преку кој стасуваат најголем број од пратките преку AliExpress.

Од Светскиот поштенски сојуз и надлежното Министерство за здравство, како што укажуваат, немаат добиено информација за понатамошно постапување заради корона вирусот.

error: Content is protected !!