На Kickstarter се собираат пари за документарец посветен на Марко кој го преплива Охридското Езеро

Марко Пејчиноски од Охрид во август 2018 година го преплива Охридското Езеро иако има некроза на ногата, а по две години од тој настан Игор Јовчевски и Драган Павковски започнуваат со нивниот проект – документарецот Titan,  посветен на Марко и на неговиот подвиг.

Додека Марко сe справува со страшни болки и лежи прикован на неговиот кревет со дијагностицирана ретка генетска болест, тој го свртува својот живот и се посветува на пливање. Една година подоцна, по безброј часови на обука, тој го препливува немирното Охридско езеро (20 милји) и станува првото дете што го сторило тоа, пишува во краткиот опис на документарецот Titan- филм за Марко од Македонија и неговото пливање од 20 милји.

Целта на Kickstarter кампањата е да се соберат 6456 долари. Овој проект според Јовчевски бил одбиен од Агенцијата за филм. Во линкот за Kickstarter кампањата имате тизер и подетални информации за овој документарец. Ако не сте во можност финансиски да го поддржите Ве молиме споделете го.

https://www.kickstarter.com/projects/woowave/titan-film-about-a-marko-from-macedonia-swimming-30-km?ref=project_link&fbclid=IwAR0fjvX-mfgxBccYfwL8rfMhycPvnoHtGz_NHFl2knqJon29_E4kmsio73Q

error: Content is protected !!