УЈП ја објави листата со имиња на луѓе и фирми кои должат милиони евра данок

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.02/2020 за долгови доспеани до 31.10.2019 и неплатени до 31.01.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.02/2020 објавени се 2071 должници – правни лица (повеќе за 76 од претходната листа) и 2529 физички лица (повеќе за 14 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2020 изнесува 10.195.548.760 денари, повеќе за 189.116.316 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.010.296.594 денари (повеќе за 156.322.034 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 185.252.166 денари (повеќе за 32.794.282 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

error: Content is protected !!