Министрите за финансии на ЕУ ја проширија „црната листа“ на даночни раеви

Во ЕУ особено државите од западна Европа имаат високи даноци и многу компании се одлучуваат да ги користат услгите на даночните раеви за да ги избегнат високите даноци.

ЕУ реши да се справува со оваа појава со тоа што нема да ги намали даноците туку со проширување на „црната листа“ на даночни раеви.

Министрите за финансии на ЕУ ги додадоа Панама, Сејшелите, Кајманските острови и Палау на „црната листа“ на даночни засолништа, додека и покрај недостатоците, тие и дадоа на Турција повеќе време да ги прилагоди прописите и да избегне вбројување, се вели во објавениот документ на ЕУ.

Списокот, кој беше направен во 2017 година, откако беше откриен широко распространет даночен систем за затајување и избегнување на даноци, кој го користат странските фирми и богатите лица за да ги намалат своите даночни обврски, сега опфаќа 12 јурисдикции, пренесува „Ројтерс“.

На списокот се наоѓаат и: Фиџи, Оман, Самоа, Тринидад и Тобаго, Република Вануату и три територии на САД – Американска Самоа, Гуам и Девствени острови.

error: Content is protected !!