Подкаст за пензискиот систем во Македонија и неговите проблеми и решенија

Macedonian Business Hub е еден од ретките што се залага за повеќе пари кај граѓаните и компаниите а помалку кај државата, исто како што се залагаме за ниски даноци и намалена бирократија и регулатива.

Затоа со задоволство ги споделуваме мислењата и на другите луѓе кои ги споделуваат истите вредности.

Во прилог е првиот подкаст на „Слободар“ во кој разговараат Стјепан Покупец, Тони Бачваровски и Александар Богоевски.

Главната тема на разговор е пензискиот систем, инспирирана од последните промени на коефициентите на ПИОМ и задолжителното здравствено осигурување.

Исто така, се разменуваат размислувања за: мерката за зголемување на коефициентите, дупката во пензискиот систем, издвојувањата за ПИОМ анализирајќи ги и бројките, предлог решенија за пензискиот систем, праведноста на моменталниот систем на меѓугенерациска солидарност и други.

*Подкастите се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените подкасти, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот или авторите.

error: Content is protected !!