Во јануари биле потрошени само 6,5 милиони или 1,67% од предвидените капитални инвестиции за цела година

Ако се суди според првиот месец и оваа година многу лошо им тргна на капиталните инвестиции.

Во јануари годинава биле потрошени само 1,67 отсто од предвидените капитални расходи за цела година, говорат податоците на Министерството за финансии, што е исклучително малку ако се има предвид дека просечно месечно буџетските ставки би требало да се реализираат со по околу 8,3 проценти.

Или, ако се гледа во апсолутна сума, во јануари се реализирани само 6,5 милиони евра.

error: Content is protected !!