Руски „Гаспром“ ја намали цената на гасот за Бугарија за 40%
„Гаспром“ ја спушти цената на гасот за Бугарија за повеќе од 40%, изјави премиерот Бојко Борисов.
Борисов исто така ја истакна улогата на диверзификацијата и конкуренцијата во намалувањето на цената на гасот. Имено, Бугарија од октомври ќе може да добива до една милијарда кубни метри гас годишно од Азербејџан преку гасоводот TAP и гасната интерконекција со Грција (ICGB).
Освен тоа, Бугарија ќе има пристап до светскиот пазар на гас преку Грција и планира да увезува гас од САД, Катар и Египет.
