Србија ќе вработува луѓе од Индија, Пакистан и Турција?

На Копаоник бизнис форумот во Србија една од темите беше проблемот со недостигот од работна сила, и предвидувањата на учесниците на овој форум се дека Србија ќе мора наскоро да увезува работници

Драган Павелиќ, директор во компанијата Strabag Србија која има 1200 вработени и извршени градежни активности во вредност од 111 милиони евра во 2018, го нагласи недостатокот на работна сила, и дека тој недостиг ќе треба да се дополнува од трети земји.

„Имаме два проблема кога станува збор за недостиг на работна сила. Ни недостасуваат и квалификувани и неквалификувани работници. Се плашам дека во најскоро време ќе мора да увезуваме работници од трети земји, Индија, Пакистан и Турција“, вели Драган Павелиќ, директор во компанијата Strabag.

Според него, посебно е значаен проблемот со недостиг од образовани работници, пред сè инженери.

“Висококвалификуваната работна сила заминува на запад и драго ни е кога одат во Strabag во Австрија или Швајцарија, но од друга страна тоа ја ослабнува нашата позиција во Србија. Таа работна сила не можеме да ја увезуваме од трети земји и тоа е проблем“, рекол Павелиќ.

error: Content is protected !!