Македонската берза и денеска тоне
И Македонска берза ги трпи последиците од епидемијата, акциите кои котираат на берзата, ја губат својата вредност, а тоа најмногу се гледа со движењето на берзанскиот индекс МБИ10 кој вчера забележа пад од 8,58%, поради што во текот на вчерашниот ден имаше едночасовен прекин за тргување на Македонскаtа берза.
Но и денеска трендот на пад на цената на акциите продолжува, падот на МБИ10 индексот изнесува 2,67%. Сите акции од берзанскиот индекс МБИ10 се во пад освен акциите на Тутунска банка.

