Од утре „Џонсон Мети“ го прекинува производството

Вработените во гигантот од слободните економски зони „Џонсон Мети“ се известени од утре да не доаѓаат на работа, пишува Фактор.

Преку електронска пошта биле известени дека произведувачот на катализатори нема да работи 30 дена, дознава „Фактор“.

Во моментов странскиот инвеститор вработува 1.000 вработени.

„Џонсон Мети“ е најголема компанија во земјава, и меѓу домашните и меѓу странските фирми, со обрт од милијарди евра. Во исто време, „Џонсон Мети“ е и најголем извозник од Македонија со околу една четвртина во вкупната структура на извозот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!