Доларот минатата недела забележа најголем пад во последните 4 години

На светските пазари вредноста на доларот во однос на валутите во минатата недела забележа најголем пад во последните четири години.

Американската централна банка (ФЕД) презеде низа мерки за подобрување на доларската ликвидност на финансисксите пазари.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста во однос на останатите шест најважни светски валути, потона за 2,4 отсто, на отприлика 99,40 поени, што е негов најголем неделен пад од февруари 2016 година.

Притоа курсот на еврото во однос на доларот скокна за 4,2 отсто, на 1,1140 долари. Во однос на јапонската валута, цента на доларот падна за 2,8 отсто, на 107,90 јени.

Цената на долари последните недели многу варира. Откако минатата недела забележа најголем неделен скок од финансиската криза во 2009 година, тој го забележа и најголемиот пад во изминатите четири години.

error: Content is protected !!