Заев:Во буџетот ќе недостигаат 2,2 милијарди евра, тоа е реалноста

Во интервју за Фактор, поранешниот премиер, Зоран Заев изјави дека во буџетот ќе недостигаат 2,2 милиајрди евра.

-Според наши проценки, ќе недостигаат околу 60 отсто од приходите на државата, бидејќи граѓаните не трошат, некои фирми се затворени на одредено време или хибернираат, транспортот е преполовен и нема толкава наплата на ДДВ. Не се плаќаат ниту дел од сметките, бидејќи граѓаните штедат за нивното здравје. Сите овие работи што ги набројав имаат значително влијание на буџетот на државава.

Намалување за 60 отсто на приходите може да значи недостаток на 2,2 милијарди евра за да ги финансираме сите расходи проектирани во Буџетот. Ние и да најдеме 1,2 милијарди преку кредити, сепак ќе треба да скратиме и една милијарда од дома. Тоа е реалноста и јавноста и граѓаните треба ова да го знаат.

Мерките за намалување на платите во јавниот сектор, почнувајќи од премиерот, министрите, директорите, за кратење на непродуктивните трошоци се само еден дел од чекорите за справување со кризата, која ако потрае сигурно ќе не натера и на други чекори, изјави Заев во интервјуто за Фактор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!