Ангеловска очекува пад на приходите во Буџетот од 700 милиони до 1,3 милијарди евра
На денешната прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска најави дека очекува пад на приходите од даноци од 40 до 65% во вториот квартал во однос на претходната година.
Во однос на дупката која ќе се отвори во буџетот, односно буџетскиот дефицит Ангеловска, ги претстави трите сценарија.
Првото сценарио е 20% пад на приходите во буџетот, тоа би значело грубо намалување на приходите за 700 милиони евра. Во второто сценарио ако имаме пад на приходите за 30%, ќе имаме пад на приходите во буџетот за 1 милијарда евра, или ако имаме пад на приходите за 40% , падот на приходите би изнесувал 1,3 милијарди евра, изјави Ангеловска.
