Поранешната претседателка на Федералните резерви со црна прогноза за американската економија

Поранешната претседателка на американските Федерални резерви (ФЕД), Џенет Јелен, за СНБС изјави дека пандемијата од коронавирусот ќе нанесе огромни штети врз американската економија во престојните неколку месеци.

О-ва е огромен удар без преседан, стапката на невработеност во земјата веројатно веќе стигнала до 12 или 13% и истата продолжува да расте бидејќи милиони Американси секојдневно остануваат без работа, вели Јелен

Таа проценува дека БДП-то на САД ќе биде најмногу погоден во периодот од април до јуни, проценувајќи дека економскиот пад во вториот квартал ќе изнесува 30%.

Јелен се сомнева дека економското опоравување на САД ќе забележи силен раст по завршувањето на кризата откако претпријатијата повторно ќе почнат со работа, но сепак не го отфрла и тоа сценарио.

-Се зависи од тоа колкава ќе биде вкупната штета и колку време економската активност ќе биде замрзната како што е во моментов.О д ова ќе зависи и дали работодавците ќе можат брзо да ги вратат работниците на работните места и дали финансиите на потрошувачите ќе бидат доволни за да може да се врати потрошувачката на првичното ниво како пред почетокот на пандемијата, потенцираше Јелен.

error: Content is protected !!