Еврозоната ќе влезе во рецесија

Еврозоната во следните месеци ќе влезе во рецесија, производството во првиот квартал од годинава е намалено за 2,3 отсто, а тој процент кон крајот на вториот квартал може да изнесува 10,5 отсто, прогнозираат експертите.

Во соработка со германскиот Институт за економски истражувања и Швајцарскиот економски институт, објавен е извештај за предвидувањата во економијата на еврозоната.

Во извештајот се наведува дека економијата на еврозоната ќе влезе во „рецесија“ во следните месеци, а се очекува производството во првиот квартал од годинава да се намали за 2,3 отсто, а во вториот за 10,5 отсто.

Предвидувањето на третиот квартал е дека тогаш регионалната економија ќе закрепне и ќе оствари раст од 8,7 отсто.

Во извештајот е наведено дека епидемијата на коронавирус предизвикала „невиден шок“ за глобалната економија, а проценката е дека во индустриското производство ќе дојде до голема нестабилност.

Индустриското производство во регионот падна за 4,4 проценти во првиот квартал, а очекувањата се дека овој пад би можел да достигне дури 18 проценти во вториот квартал.

Во третиот квартал се очекува пораст од 19 проценти.

error: Content is protected !!