Фич:Во вториот квартал економиите на САД и еврозоната ќе се намалат за 30%

Според аналитичарите на „Фич“, економиите во САД и во еврозоната ќе се намалат за 30% во вториот квартал од годинава.

Според „Фич“ закрепнувањето од новата пандемија на коронавирусот ќе трае најмалку до крајот на 2021 година.

„Фич„ смета дека ограничувањето на јавниот живот во САД и во Европа предизвикало сериозен пад на економската активност, објави француската новинска агенција „АФП”.

Ова е невидено економско забавување, наведуваат од „Фич“.

Аналитичарите на агенцијата за кредитен рејтинг, исто така, истакнуваат дека доколку здравствената криза и мерките се олеснат, би можело да се очекува значително подобрување во економијата во втората половина од годината.

Заживувањето на економските активности може да бидае стимулирано од владините мерки за помош на стопанството и економијата. Но, ниту во тој случај, БДП нема да закрепне на нивото кое беше предвидено пред пандемијата на коронавирусот пред крајот на 2021 година, пишува „Фич“.

error: Content is protected !!