Македонија денеска се задолжи за скоро 100 милиони евра од домашните банки

Преку издавање на шестмесечни и едногодишни државни записи, денеска Министерството за финансии доби од домашните банки 95,5 милиони евра. Утре пак, доспеваат за отплата државни записи во вредност од околу 24,4 милиони евра, што значи дека на нето основа во државната каса остануваат околу 70 милиони евра.

За полугодишните записи, каматите што ги плаќа државата се 0,2% додека пак за годишните записи, цената на задолжувањето е 0,5%.

Оваа аукција покажа дека банките имаат интерес да вложуваат во државните хартии од вредност иако пред две недели се воздржаа, односно инвестираа во 15 годишни обврзници во износ 58% помал од бараниот.

error: Content is protected !!