Битиќи советникот на премиерот: Јавниот долг ќе се зголеми за 10% оваа година, а максимум 80 милиони евра можат да се скратат од буџетот

Министерската Нина Ангеловска молчи дали ќе има кратење од буџетот и за која сума доколку има кратење. И не открива детали од што ќе се крати и дали ќе се чепнат и платите на администрацијата.

Но, затоа советникот на техничкиот премиер Спасовски, Фатмир Битиќи кој воедно е и во советодавното тело од експерти на Ангеловска, ја открива сумата и тврди дека не може да се скрати повеќе од тоа, објавува Телма.

Нема да се кратат капитални раскоди, а ребалансот треба да помине на Влада до крајот на месецов.

Според Битиќи до максималната сума од 80 милиони евра би се дошло само ако има консензус и за тоа што немало до сега, како што е и кратењето на платите во администрацијата. За сега има најмалку 6 сценарија за кратење, и тоа дали сите по 20 проценти, дали само платите над просечната и други, но за сега нема консензус во Владата за тој предлог, изјави Битиќи  за Телма.

Битиќи очекува јавниот долг на земјава на крајот од годината да се зголеми за 10 проценти, односно да биде околу 60 проценти од БДП. Но тоа само ако нема втор бран на здравствената криза. Ако има, според него никој не може да предвиди колку ќе расте јавниот долг и задолжувањата.

Инаку до сега она што е проектирано како задолжување е околу 1,2 милијарди евра. А буџетскиот дефицит според Битиќи ќе се зголеми за три пати од проектираните 2,3 проценти, и ќе достигне до 6,8 проценти од БДП.

error: Content is protected !!