BMW ќе го намали бројот на вработени за 6.000

BMW објави дека ќе затвори 6.000 работни места, како дел од прилагодувањето на намалената побарувачка, предизвикана од пандемија на коронавирусот.

Мерката се однесува на работниците кои се близу до пензија, додека помладите вработени можат да добијат финансиска поддршка за високо образование, со загарантирана работа по дипломирањето.

Тоа е помалку од 5% од вработените во BMW, која има 126.000 работници ширум светот.

error: Content is protected !!